На социјалните мрежи е објавена фотографија од службен мерцедес, кој ја чека, а потоа ја зема министерката за правда Рената Десковска да ја однесе на митингот на СДСМ.
Тоа е злоупотреба на државните ресурси за партиски цели.
Кај граѓаните уште поголем е револтот поради тоа што актуелната власт го прогонува експремиерот Никола Груевски и други функционери од поранешната власт, поради тоа што набавиле блиндиран мерцедес, кој денес се користи од тие што го обвинуваат.
На фотографијата не станува збор за истото возило, но е иста марка, а злоупотребено е од власта за партиски митинг. Уште полошо е тоа што злоупотребата е од функционер на Министерството за правда.