„ВМРО ДПМНЕ е народот, а пак, народот е МАКЕДОНИЈА!“, порача денеска преку својот ФБ профил потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Владо Мисајловски.

„Поминавме насекаде низ нашата мила татковина со една цел и една идеа, а тоа е ПОДОБРА МАКЕДОНИЈА!!!

Благодарност до секој еден член и симпатизер на ВМРО ДПМНЕ што се сплоти и ја даде својата енергија за организацијата и за татковината, но најголемата благодарност до сите граѓани што ни ги отворија портите и домовите, бидејќи со таа енергија, позитивен коментар, тоа добредојде а секако и критика, ВМРО ДПМНЕ се врати таму каде што припаѓа, а тоа е меѓу народот, на улиците, маалата, селата и градовите. ВМРО ДПМНЕ се сплоти и уште повеќе ќе зајакува бидејќи со целиот терор и прогон што го направи оваа власт не направи уште посилни и обединети.

НЕКА ИЗГРЕЕ ЗОРАТА НАСЕКАДЕ!!

ГЛАВАТА ГОРЕ МАКЕДОНЦИ ДОАЃААТ ПОДОБРИ ВРЕМИЊА!

ПОБЕДУВАМЕ!“, истакна Мисајловски.