Македонскиот фудбалски репрезентативец, Иван Тричковски беше прогласен за најдобар фудбалер во Кипар за актуелната сезона, по гласањето на фудбалските тренери во елитната лига во земјата.
Популарниот Тричко имаше одлична сезона во дресот на АЕК Ларнака откако реализираше 24 гола на 39 натпревари.
Офанзивниот фудбалер играше и во групната фаза од Лига Европа, откако во второто по квалитет фудбалско клупско натпреварување на Стариот континент забележа шест голови и шест асистенции.
Македонскиот репрезентативец во моментов е повреден и најверојатно нема да настапи во квалификациите за Европското првенство против Полска и Австрија во јуни