Бенфика ја освои титулата во Португалската фудбалска лига по 37-ми пат по победата со 4-1 дома против Санта Клара во последниот круг од сезоната.

„Лисабонските орли“ ја завршија сезоната со 87 поени, два пред вториот Порто, кои во последниот круг го совладаа Спортинг Лисабон со 2-1.

За Бенфика ова е петта титула во последните шест сезони.

Во завршницата, челната тројка во Португалија беше надополнета со Спортинг Лисабон, кој заврши со 74 поени.в