Идеална комбинација за чистење на организмот која ќе ви го забрза метаболизмот и зајакне имунитетот.
Ако сакате да се ослободите од масните наслаги, ова е потполно природниот пијалак за кој треба да одвоите само 2 минути.
Клучната состојка за слабеење е јаболковиот оцет, а за детоксикација е циметот. Плус, кога ќе додадете мед и лимон, оваа комбинација е бомба за здравјето.
Потребни состојки:
1 лажица цимет
2 лажици јаболков оцет
1 лажица мед
2 лажици лимонов сок
1 чаша вода
Ставете ги сите состојки во блендер и добро измешајте ги. Ако немате блендер, може да ги измешате со миксер.
Пијалакот чувајте го во фрижидер и пијте секое утро по 1 лажица на празен желудник.
Резултатите ќе бидат брзо видливи!
Еве како точно влијае овој пијалак врз вашиот организам:
Лимоновиот сок помага во регулацијата на pH вредноста и во балансирањето на шеќерот во крвта.
Јаболковиот оцет го намалува крвниот притисок за 6%.
Медот е одличен за срцето, кожата, имунитетот. Ги смирува нервите, го зајакнува имунитетот и го стимулира варењето.
Циметот е најпознатиот антиоксиданс во светот, токму заради рамнотежата која ја воспоставува во шеќерот во крвта.