Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган изјави денеска дека не станало збор повлекување на Турција од договорот со Москва околу купувањето руски ракетен одбранбен систем С-400.

– Ние имаме договор кој моментално се спроведува и одлучни сме да истраеме во тоа. Ние не планираме да се откажеме (од договорот за купопродажба на С-400), изјави Ердоган во интервју за ТВ Хабертурк.

По утринската молитва, турскиот претседател исто така рече дека Турција сакала да купи американски ракетен одбранбен систем „Патриот“, но дека понудата од САД не била толку добра како руската.