Директорката на Челзи, Марина Грановскаја, се збогува со белгискиот фудбалер Еден Азар, кој официјално се пресели во Реал Мадрид.

– Со тага се разделуваме со Азар откако направивме се што можеме за да го задржиме. Моравме да ја почитуваме неговата одлука. Тој се соочува со нов предизвик во друга земја и ќе го исполни својот детски сон – да игра за Реал, сподели рече Грановскаја.

– Сеќавањата што ги остави Азар нема да исчезнат. Тој донесе многу победи и среќни моменти на сите што го сакаа Челзи. Ние сме му благодарни. Еден беше пример за време на целиот свој престој во клубот. Тој е неверојатен човек со кого е задоволство да се работи. Со нетрпение очекуваме повторно да го видиме Азар на „Стемфорд Бриџ“, додаде директорката.