Маурицио Сари ќе го преземе Јувентус следната недела.

До вторник, стратегот ќе го потпише договорот со италијанскиот шампион откако Челзи се согласи да го раскине договорот, објави „Скај Спорт Италија“.

Кон крајот на минатата ноќ од Челзи ја објавија нивната разделба со Еден Азар, а судбината на белгискиот репрезентативец ќе ја доживее и Сари.

Претставниците на италијанскиот стратег ќе се сретнат денеска со извршниот директор на Јуве, Фабио Паратичи за да ги расчистат деталите на договорот меѓу двете страни.

Челзи нема да бара надомест од 6 милиони евра за прерано прекинување на односите со Сари.