Во за нијанса подоброто второ полувреме, македонската репрезентација во ракомет ја победи Грција во последниот натпревар од квалификациите за ЕП со 27:23.
Првото полувреме заврши со предност од два гола.
Откако ја обезбедија предноста, впечаток е дека нашата ререзентација играше само колку што е потребно.
Со оваа победа ги завршивме квалификациите на првото место од групата, пред Исланд.
Натпреварот се одигра во Струмица, во една театарска атмосефра. По молчеливото прво полувреме, публиката на два-три пати живна во вториот дел од играта во траење од по неколку секунди, иако впечаток дека тоа беше само мала група од присутните.