Бугарски национален интерес е меѓу Охрид и Црно Море да нема граница, меѓу Охрид и Црно Море живее еден народ, бугарски народ, изјави ма бугарската национална ТВ БТВ, бугарскиот европратеник Ангел Џамбаски.
– Ќе разговараме колку што треба. Сто години не сме го завршиле националното обединување, изјави во емисијата „Ова утро“ на БТВ, Џамбаски.
Тој е близок соработник на бугарскиот вицепремиер Красимир Каракачанов и вели дека сите луѓе што живеат на потегот од Охридското Езеро до Несебар и Варна се Бугари.
Џамбаски не ги споменува Албанците, Турците, Ромите, Србите и другите кои што живеат на овој потег.
Бугарскиот европратеник реагира на изјавата на професор Драги Георгиев, раководител на македонскиот дел од мешовитата македонско-бугарска комисија за прашањата за учебниците и историјата.
Георгиев вели дека ако бугарската страна настојува да се напише дека Гоце Делчев е бугарски револуционер тогаш нема да има резултати по ова прашање по што водителот заклучува дека Македонците одбиваат да го признаат Делчев како Бугарин.
За Џамбаски нема сомневање што бил по потекло и самосвест Гоце Делчев а историјата не може да се смени.
– Гоце Делчев пишува писма на рака во кои се нарекува Бугарин. Откако бил бугарски офицер, бугарски кадет, бугарски учител, неговите браќа биле во бугарските чети и загинале во бугарски битки, кој е тогаш проф. Георгиев за да ја менува историјата, изјави Џамбаски.
Тој категорично тврди дека пред 1944 година немало македонска нација и дека Гоце Делчев загинал 40 години „пред да постоел поимот македонска нација“.
– Историската гледна точка е следна- до 44-та потеклото, карактерот и самосознанието на населението во Вардарска Македонија е бугарско. Потоа започнува формирањето на политичката македонска нација под притиcoк на Коминтерната и со пpeдавството на дел од функционерите во Софија. Тоа е неспорен факт, смета Џамбаски.