Претседателот на Франција, Емануел Макрон, ја имаше вчера првата посета на Ватикан која според досегашните записи била и најдолга средба на папата Франциско.
Средбата очи – во очи меѓу аргентинскиот понтиф и Макрон во Ватиканската барокна библиотека траела 57 минути – најдолга меѓу Франциско и шеф на држава, објави локал.фр.
Претходните средби никогаш не траеле повеќе од 50 минути.
Франциско со екс претседателот на САД, Барак Обама разговарал 50 минути, а со неговиот наследник Доналд Трамп само протоколарни половина час.
Верата и чувствителната тема за улогата на црквата во француското општетство биле меѓу прашањата за кои се разговорало, но и тешкото прашање за миграцијата кое во моментов предизвикува длабоки поделби во Европската унија.
Макрон ја оствари посетата откако прифати почесна титула во катедралата Св Јован Лутерантски во Рим, според традицијата која датира од 15. век. Неколку претходници на Макрон, меѓу кои и социјалистите Франсоа Митеран и Франсоа Оланд, ја одбија титулата сакајќи на тој начин да избегнат поврзаност со религијата.
Франција е стриктно секуларна држава со темелниот закон од 1905 година со кој државата и црквата се одвоени.
Папата на Макрон му даде бронзен медал на Свети Мартин, симбол на дарувањето од 4. век, доедка францускиот претседател италијанско издание од 1949 година на „Дневникот на селскиот поп“ од францускиот католички писател Жорж Бернанос.