Синоќешниот инцидент во Чаир во којшто учествуваа највисоки полициски службеници е најдобар одраз на владеењето на ДУИ. Криминалот на оваа партија ги допре највисоките врвови на власта. Тие коишто треба да работат за безбедноста станаа најголемата опасност за Албанците особено и за граѓаните воопшто. ДУИ ги направи албанските населби најопасни места за живеење, тие станаа места каде те убива полицаец и каде се заштитени криминалците.
Кога го осудивме заробувањето на правосудниот систем, заменик министерот од ДУИ се пожали дека опозицијата ги навредува албанските функционери. Ги прашуваме поранешниот министер за полиција, актуелниот заменик министер за полиција и сите функционери на ДУИ, кој синоќа ги навреди и посрамоти Албанците, кој со куршумите на нивните началници ги загрози Албанците и албанските населби ги претвори во гето на криминални картели!?
Ветингот во судството, полицијата и другите сфери е повеќе од неопходен, но предходно мора да ги отстраниме од власт тие коишто го попречуваат ветингот и го зајакнуваат криминалот и корупцијата, велат во партиското соопштение од Алијанса на Албанците.