Смртноста на деца од огнено оружје во САД достигна рекордно ниво, покажува новото истражување објавено од Американската академија за педијатрија (ААП).

Користејќи ја базата на податоци за смртност на Центрите за контрола и превенција на болести, студија објавена во списанието „Педиатрикс“ („Pediatrics“) покажа дека 4.752 деца го загубиле животот од прострелни рани во 2021 година, последната година за која се достапни податоци.

Од 2020 година, оруженото насилство е водечка причина за смрт кај децата во САД. Студијата покажа дека црните деца биле вклучени во околу 67 отсто од убиствата со оружје, а белите деца биле вклучени во 78 отсто од самоубиствата со оружје.