Пратеникoт од владејачката ДУИ, Арбер Адеми изрази оптимизам дека уставните измени во Македонија ќе се случат пред изборите предвидени во мај в година.

Адеми, како што објави ТВ 21, вели дека има време да се смени Уставот до изборите на 8 мај 2024 година. Тој овој став го изнесе во емисијата „10 минути“ на ТВ 21, што е емитувана синоќа.

– Ние, како општа политичка партија во земјата со јасна европска насоченост, не се откажавме и ќе направиме максимум сѐ додека ќе постои овој состав на законодавниот дом. Изборите се предвидени за 8 мај. Имаме месеци пред себе, доволно е да постои политичка волја, вели Адеми.

Видео и изјавата на Адеми во ТВ 21 може да ја отворите ТУКА.