Трговскиот центар во населбата Лисиче блесна во полн сјај. За првпат од своето постоење доби целосно ново осветлување, се пофали Златко Марин, градоначалникот на Аеродром.

– Ги подобруваме условите за живот на сите наши граѓани и стануваме пример за урбано живеење, напиша Марин на Фејсбук.

Брзо му стигна и одговор од граѓаните:

– Градоначалникот Марин реализира мега проект во општина Аеродром. Промени дури 6 светилки, од кои една чини 350 евра! Браво градоначалниче, само така продолжете, со вакви големи проекти повторно ќе ја вратите довербата кај нас, му порачаа граѓаните преку Фејсбук страницата Аеродром во моето срце.