Прелиминарните работи на огромен хотелски проект поврзан со семејството Трамп веќе предизвикаа непоправлива штета на некогаш недопрениот дел од брегот на Албанија, велат научници и активисти, за агенцијата АФП.
Сателитските снимки покажуваат дека во текот на 25-дневниот период во мај, бил расчистен пат, цела зона била обезшумена и изграден мост што ќе го премине каналот што ја поврзува лагуната Нарта со морето.

“Булдожерите на плажите веќе ги оштетија местата за гнездење на карета желките, на кои им се заканува истребување“, изјави Олси Ника, морски биолог кој раководи со невладината организација “ЕкоАлбанија”, објавија албанските медиуми.
Покрај тоа, местата за гнездење на бројни видови птици се нарушени од пристапните патишта низ дините и сечењето дрвја, додека изградбата на витален канал помеѓу лагуната и морето сериозно ги нарушил водотеците неопходни за одржување на мочуриштата.
Дневните демонстрации против проектот доведоа до прекин на дел од работата, но „штетата предизвикана на културното наследство долго пред да започне изградбата е во голема мера непоправлива. Тоа е Апсолутен масакр врз биодиверзитетот, изјавил Фердинанд Бего, професор на Универзитетот во Тирана.
Еколошките активисти долго време изразуваат загриженост во врска со проектот од 4,5 милијарди евра, првпат предложен во 2024 година од Џаред Кушнер, зет на американскиот претседател Доналд Трамп, за изградба на луксузни хотели меѓу колонии фламинго и на пуст остров.
Во подкаст, ќерката на Трамп, Иванка, објасни дека „не го имаме само островот, туку и пет милји плажа директно спроти островот со прекрасен полуостров со лагуна од едната страна, океан од другата и прекрасни плажи со бел песок“.
Албанските граѓани протестираат против проектот со месеци, но кога се појави бодликава жица пред шест недели за да се обележат границите на комплексот, избувна гневот.
Приватните обезбедувачи потиснаа еден протест, што дополнително предизвика низа демонстрации.
Премиерот Еди Рама, чија влада е на власт 13 години, го брани она што го нарекува „најдобриот проект во Европа“, велејќи дека тој ќе ѝ помогне на Албанија да ги стигне крајбрежните соседи Црна Гора, Грција и Хрватска со привлекување меѓународен капитал и создавање работни места.
“Во средината на јуни, група научници го посетија местото за да ја проценат штетата што можеби била предизвикана од подготвителните работи. Во извештајот што го објавија по нивната посета, тие истакнаа: „Уште пред да започнат овие протести, се договоривме со Албанија дека оваа година ќе ги укинат измените од 2024 година на законот за заштитени подрачја и ќе го укинат законот за стратешки инвеститори“, изјави Марта Кос, европската комесарка за проширување, во јули.
Фридрих Шимер, професор од Универзитетот во Виена, кој го посетил местото во јуни, изјавил дека е итно да се ограничи штетата на областа, велејќи дека големите туристички проекти „би можеле непоправливо да го компромитираат нејзиниот природен интегритет“, штетата на местата за гнездење на желките, живеалиштата на птиците и локалните дини.
Фото:скриншот




