Претседателката на Собранието на Меѓународниот сојуз Агапи Дика денеска дојде во Обвинителството за организиран криминал да даде исказ во врска со случајот „Рекет“.

Во Обвинителството се очекува денеска да сведочи и бизнисменот Зоран Азманов.

Изминатиот период во врска со овој случај во Обвинителството за организиран криминал сведочеа бизнисменот Силјан Мицевски, водителката Лила Филиповска и пратениците Фросина Ременски и Александар Кирацовски.

Во случајот „Рекет“ што го отвори Обвинителството за организиран криминал осомничени се сопственикот на 1ТВ Бојан Јовановски и Зоран Милевски-Кичеец, како и специјалната јавна обвинителка Катица Јанева. Сите тројца се во притвор.