Коалициониот партнер на Зоран Заев и СДСМ, Али Ахмети лидерот на ДУИ, на денешното изборно собрание на партискиот огранок во Чаир, им кажа на своите сопартијци да не се грижат поради објавуваните материјали од корисникот на псевдонимот Ел Чека На Фејсбук.

– Постоеше загриженост кај некои мои соработници поради неколку прислушувани материјали. Оставете ги, тие се залудни. Ако имаше криминал за ДУИ, никој не ќе не поштедеше, рече Ахмети.

Тој на политичките противници им порача да се натпреваруваат со партиските органи.