Ако се изгласат уставните измени, Македонија и Албанија во рок од четири години ќе станат членки на Европската унија“.

Ова синоќа во емисијата „Топ стори“ на ТВ Топ Чанел – Албанија го изјави лидерот на ДУИ, Али Ахмети.

– Со одржувањето на првите меѓувладини конференции на Албанија и С. Македонија со Брисел почнуваат промените внатре во овие земји во однос на инфраструктурата, животната средина, владеењето на правото итн – вели Ахмети.

Според него, премиерот на Косово, Албин Курти, се меша во политичката сцена на Албанците во Македонија.

– Тој се меша во политичката сцена на Албанците, Еди Рама не се меша во внатрешните работи на политичкото тело во С. Македонија, направи напори да ги приближи партиите во С. Македонија, благодарен сум, благодарен за ваквиот пристап – рече Ахмети.

Ахмети изјави дека по најавите за делување на „Самоопределување“ во Македонија – интерес пројави и меѓународната заедница.

– Ме ставија во многу тешка ситуација. Зошто Курти се жали кога Вучиќ има политичка активност во Косово, како објаснувате? Ме оставија без зборови – нагласи Ахмети.