Лидерот на ДУИ, Али Ахмети на својата Фејсбук страница по повод 18 години од основањето на Демократската унија за интеграции, изјави дека „време е во С. Македонија за премиер Албанец“.

Ахмети упати честитка до сите активисти на ДУИ, до сите гласачи на партијата и сите истомисленици, симпатизери и сите грѓани на земјата.

– 18 години заедно поминавме многу предизвици за да постигнеме целосна рамноправност, да бидеме членка на НАТО и да се интегрираме целосно во ЕУ. За да го подигнеме квалитетот на живот со што ќе обезбедиме подобра иднина за нашите млади и за сите нас, објави Ахмети на Фејсбук.

Тој наброја „постигнувања на ДУИ во изминатите 18 години“ и побара на следните избори „да се одбере премиер Албанец, лице кое ќе биде ценет, докажан и прифатлив“.