Поранешниот функционер на СДСМ, Ване Цветанов кому му се заканува затвор за кривично дело направено како директор на Совет за унапредување и надзор на ревизијата, започна јавно да упатува пораки дека „Македонците и Бугарите се ист народ“ и не демантира дека по 50 години живот се осознал и почнал да се чувствува како Бугарин, пишува Експрес.

Цветанов почна да објавува постови и на бугарски јазик во кои тврди дека бил погрешно образуван и затоа доцна разбрал дека е Бугарин.

Предходно осомничениот за трговија со дрога Христијан Пендиков откако беше истепан од лица меѓу кои еден со бугарско државјанство во Софија доби стан, плата и обезбедување од бугарските власти.

За бугарското чувство на Цветанов пишува бугарскиот радикал Виктор Стојанов кој има забрана да влезе во Македонија.

Ване Цветанове е поранешен директор на Агенцијата за спречување перење пари и финансирање тероризам во времето на Никола Груевски, а СДСМ го назначи за претседател на Совет за унапредување и надзор на ревизијата. Цветанов беше обвинет за злосторничко здружување и издавање службена, државна или воена тајна во случајот Шпион, во октомври 2014 кога беше осуден на 3 години затвор.