Викендов полицијата казни повеќе возачи за брзо возење, за возење под дејство на алкохол, како и тие што го користат мобилниот телефон додека управуваат моторно возило.

Санкционирани 65 возачи во Скопје, 38 за брзо возење

На територија на град Скопје вчера се изречени вкупно 165 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 38 санкции, 19 мерки за возење без возачка дозвола, седум санкции за технички неисправни возила, соопшти МВР.

Изречени се 19 мерки за возење под дејство на алкохол, пет санкции за зборување на мобилен телефон, шест мерки за некористење на сигурносен појас, шест санкции за возач почетник.
-Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта, се нагласува во соопштението на Министерството.

Единаесет возачи управувале возило под дејство на алкохол на територија на СВР Битола

Полициски службеници од СВР Битола на  вчера и денеска во периодот од 22:00 до 04:00 часот спровеле акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваат возило под дејство на алкохол . Притоа, контролирани биле 248 возачи, при што откриено присуство на алкохол било кај 11 возачи. Истите веднаш се исклучени од сообраќајот и поднесени им се соодветни поднесоци, соопшти МВР.Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. МВР апелира до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта.

Санкционирани 17 возачи на подрачјето на СВР – Тетово, кои биле под дејство на алкохол

На подрачјето на СВР-Тетово синоќа од 22 часот до четири часот изутринава е спроведена акциска контрола за санкционирање на возачи што управуваат возило под дејство на алкохол. Во контролата откриени и санкционирани се 17 возачи во Тетовско под дејство на алкохол и на сите им се изречени соодветни санкции, соопшти МВР.

Покрај ова, при контролата биле откриени и санкционирани и 20 други видови сообраќајни прекршоци, 13 во Тетовоско и седум во Гостиварско, кои биле заокружени со законски предвидените поднесоци.

Санкционирани 247 возачи за брзо возење

Во текот на вчерашниот ден Министерството за внатрешни работи спроведе зајакната акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 247 возачи.

Од нив 17 возилa се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а четири возила се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволеното. Притоа, 82 возачи ја пречекориле брзината во населено место, а 165 надвор од населено место, соопшти МВР.-Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта, се наведува во соопштението.

Санкционирани 129 возачи на територија на цела држава кои возеле под дејство на алкохол

Санкционирани се вкупно 129 возачи на територија на цела држава кои изминатата ноќ возеле под дејство на алкохол.
Како што соопшти Министерството за вантрешни работи, 23 возачи се санкционирани на територија на СВР Скопје, 17 на територија на СВР Тетово, 15 на територија на СВР Струмица.
Акциската контрола на полицијата е спроведена во периодот од 22 часот вчера до 04 часот утринава.