Задоцнетото враќање на брз кредит една наша сограѓанка ја чинело осум пати повеќе отколку износот на кредитот кој го подигнала.

– Ова е еден од примерите со кои недоволно презцизираната законска регулатива ги втурнува граѓаните во огромни долгови и често во должничко ропство, истакна Народниот правобранител Насер Зибери на денешната презентација на Извештајот за 2022 година.

Тој објасни дека станува збор за брз кредит.

– За да има јавноста претства што зборувам ќе илустрирам со еден пример. Земен кредит од 9.000 денари, за доцнењето на неговата исплата навистина како во рекламите, не се наплатува камата, меѓутоа се наплатуваат огромни трошоци. Така, за конкретниот пример на име достасан надоместок наплатени се 2.026 денари, за надоместок за доцнење дури 58.846 денари, па кога на ова ќе се додаде износот за пратената опомен 5.900 денари, долгот ја достигнува сумата од 75.772 денари, што е сума 8 пати поголема од долгот, рече Зибери.