Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски потврди дека има група која се сомничи дека стои позади лажните дојави за бомби.

– Групата лица кои стоеле зад дел од лажните дојави за бомби ќе заработат кривични пријави откако ќе бидат обезбедени потребните докази, најави министерот Спасовски.

Тој не прецизираше за колку лица станува збор, ниту дали помеѓу нив има и приврзаници на политичка партија, додава дека во јавноста излегувале разни дезинформации и порача истрагите да се водат во институциите.

– Има група, еден кластер за кој се преземаат низа истражни дејствија, само ова може да се каже за сега. Кога ќе добиеме повеќе докази ќе биде поднесена кривична пријава. Ова е петта пријава до сега. Три се во Скопје, една во Кавадарци и една во Делчево. Кога ке се завршат постапките од истражните дејствија јавноста ќе биде известена. Истрагите се водат во институциите, а не во медиумите и јавноста. Сега има многу информации но и дезинформациии, рече Спасовски.

Досега крвична пријава за лажни дојави за бомби заработи малолетник од Кавадарци и тој ќе одговара за тероризам. Инаку, во земјава по промената на протоколите стивнаа и заканите – но лажни дојави се уште „ги тресат“ соседните земји.