Карлос Алкараз стана новиот крал на Вимблдон откога во пет сета и со голема драма го совлада Новак Ѓоковиќ. Шпанецот на 20 години стигна до вториот грен слем во кариерата, а српскиот ас веднаш по мечот му го честита големиот триумф.

Новак во еден момент заплака кога зборуваше за својот син и беше очигледно дека поразот му е тежок, но како и секогаш покажа дека е голем спортист и човек и го пофали својот ривал.

Неговата сопруга Јелена и синот Стефан, по натпреварот, покажаа дека тоа е во крвта на сите во семејството.

По мечот, во ходниците на централниот терен му пријдоа на Алкараз и искрено со насмевка му го честитаа големиот триумф.

Првин Стефан со насмевка му пријде на Алкараз, а потоа по неговите стапки тргна и Јелена, што го воодушеви и Алкараз. Покрај нив, честитки упати и Елена Капеларо, менаџер на српскиот тенисер, така што Шпанецот доби пофалби од целиот тим на Ѓоковиќ.