Германија оценува дека одлуката на САД, унилатерално да се повлече од нуклеарниот договор со Иран, е погрешна и Берлин се надева дека постои можност да се убеди Вашингтон да се воздржи од казнување на странските компании кои соработуваат со Иран, изјави денеска германскиот министер за надворешни работи, Петер Алтмајер.

– Имаме рок до 90 денови, наведе Алтмајер по повод рокот кој Американците им го дадоа на странските фирми да се усогласат со нивните санкции или во спротивно ќе се соочат со казни.

Тој истакна дека, за тоа време Германија ќе ги искористи сите можности за да ја убеди американската Влада да го промени нејзиното однесување.