Американскиот амбасадор во Унгарија, Дејвид Пресман ја критикуваше унгарската влада за „занемарување“ на интересите на своите сојузници во НАТО и за зајакнување на врските со Русија во време кога членките на Алијансата се обидуваат да ја изолираат.

На средбата со претставниците на американските компании кои инвестираат во Унгарија, тој рече дека Унгарија напредувала како членка на ЕУ и НАТО и дека им овозможила на многу компании да работат таму.

„Сепак, денес сè повеќе гледаме сојузник кој се потпира на своите соработници во НАТО, но се чувствува удобно да ги игнорира нивните интереси и тоа во време на војна во Европа. Ова е очигледно кога премиерот (Виктор Орбан) го прегрнува Путин, кога неговата влада се заканува дека ќе ја прекине клучната помош за соседот Украина. Кога независните медиуми и граѓанските организации се под истрага и напад“, рече Пресман.

Фото: МИА архива