Во пресрет на двојните избори во Македонија в година, Емерсон Брукинг, експерт за дезинформации, терористичка комуникација и политика на интернет, кој ја водеше и иницијативата за обезбедување интегритет на изборите во САД во 2020 година, предупредува дека велешката група што му помогна на Доналд Трамп да биде избран за претседател во 2016 година може да биде употребена и кај нас, објави Макфакс.

Дезинформациите, според Брукинг, се ендемски за време на изборите насекаде во светот и не е прашање дали ќе се појават, туку колку ќе ги има ќе ги има и кои се актерите зад нив.

-Мислам дека Македонците што им помагаа на кампањите за дезинформации поврзани со Трамп во 2015 создадоа тело на експертиза што сега може да се користи во домашната македонска политика. Меѓутоа, исто така важно е да се знае дека тие Македонци не биле идеолошки водени. Виделе можност да заработат многу пари од лековерни Американци. Иако она што тие го правеа беше погрешно, јас исто така малку сочувствувам со нив бидејќи тие видоа можност и ја зграпчија. Но, секако, тоа не е начин на кој треба да се дејствува во демократско општество, особено кога тоа е вашата земја. Предизвиците кога ќе го создадете телото на експертиза, како што е случајот со Македонија, е дека тие експерти ќе го користат својот талент и на друго место за да направат брза реакција. Затоа мислам дека тоа е еден од предизвиците со кои се соочува Македонија, но секако тука не е само Македонија, рече Брукинг.

Тој нагласи дека особено треба да се внимава на дезинформациите претставени како легитимен политички израз во секоја земја.