Министерот Бујар Османи во врска со корекција на платите на функционерите вели дека му била важна таа тематика бидејќи живеел само од функционерската плата.

– Обично не сакам да бидам популист на оваа тема, затоа што, како што кажав еднаш, не мислам дека е за фалење кога политичари велат не ми е важна платата, затоа што со тоа како да кажуваат не живеам од плата, вели Османи.

Тој во врска со најавите за корекција на платите на функционерите додава:

– Јас живеам само од оваа плата и ми е важно. Во овој случај разбирам дека приоритет треба да бидат тие со плати околу минималната. Мислам тоа е клучно и ако ни дојде редот на нас во ред, ако не приоритет се тие граѓани во ова време на инфлација и на поскапување и треба да им се посвети внимание, изјави Османи.

Како што најави денеска премиерот Димитар Ковачевски, работна група бара решение за кратење на фунцкионерските плати кои во април пораснаа за 78 отсто, но решението да не паднело на Уставен суд.