Поради сообраќајна несреќа денеска од 7:40 часот сообраќајот на експресниот пат Штип – Кочани е во прекин, соопшти Авто мото сојузот на Македонија.
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
Според информациите што ги пренесува штипската телевизија ТВ Стар, станува збор за превртен автомобил „сеат леон“ со кочански регистарски таблички. Во несреќата нема жртви, а возачот на автомобилот се здобил со повреди.