Додека ја распродава македонската историја и тргува со ваквото богатство на нацијата, премиерот Зоран Заев со Владата, според нашите нови сознанија, прави уште поголем удар од што досега мислевме, објавува порталот Курир во својата анализа

Бидејќи на возрасните не успеа да им наметне став дека историјата за која знаеме не е наша, туку е или туѓа или заедничка, сега сака тие факти да ги искорени од образованието на децата.

Имено, според новите информации кои сами по себе се поразителни, предметот историја НЕМА да постои во основните училишта како посебен предмет, онака како што тоа беше изминативе 75 години. Македонската историја ќе биде вметната само како дел од друг предмет, колку да ја има, но како целина ќе биде укинат и децата ќе бидат скратени од можноста да учат за далечното минато на својата земја.

Новата Концепција за основно образование изгледа е правена по мерак на актуелните политики кои ги води оваа Влада, па историските факти се цели да не бидат дел од знаењето на учениците.

КУРИР ја анализираше Консултативната средба на која беше презентиран новиот концепт за основно образование. Во новиот наставен план, како што ќе видите, предметот историја како засебен нема да постои.

Иако е најактуелно како тема, сепак мора да заклучиме дека историјата како предмет не е единствен кој ќе биде избришан. Според овие информации, учениците нема да изучуваат и други национални предмети како географија, ликовно, музичко.

Овие предети веќе нема да бидат задолжителни и како што треба, истакнати како едни од најважните во кои децата се образуваат и стекнуваат со знаење. Овие предмети ќе бидат интегрирани во природни и општествени науки. Со ова се остава простор материјалот да се крати, изменува и менува, какошто всушност оваа Влада тоа и го прави во пракса – ја менува и брише македонската историја.

Еве дел од презентацијата на овие новини:

„Ова е јадро за задолжителни предмети од кои најголемиот дел се изучуваат од прво до 9-то одделение. Тоа се мајчин јазик, македонски јазик за другите заедници, математика, природни науки, општествени науки, англиски јазик како прв странски јазик, техника, технологија, информатика, уметничко образование, физичко и здравствено образование. Ова кое е главен принцип на новиот концепт е интеграцијата кој ќе промовира интеграција на различни дисциплини во определени нови наставни предмети. Досега во основното образование имавме такво искуство со предметот природни научки кој се реализираше од прво до шесто одделение, а сега со новата концепција оваа интеграција продолжува и до 9-то одделение. Во рамките на овој предмет ќе се интегрираат содржини од досегашите предмети биологија, хемија, физика и дел од физичката географија.

Најголема новина која претставува во нашиот систем на основно обрзование е интеграцијата на дисциплините од општествено-хуманистичката група, во предметот општествени науки каде можат да се најдат содржини од историја, граѓанско образование, географија, дел можеби од филозофија, антропологија. Се она околу кое што ќе интегрира околу определени теми,  што ќе овозможи учениците да не ги изучуваат поединечно во определени предмети, туку преку овој предмет да добијат целосна слика за определени појави и процеси кои се случуваат околу нив и светот.

Особен предизвик ќе биде реализацијата на овој наставен предмет“ – истакна презентерот на онлајн консултативната средба.

Како што можете да видите, и самиот тој вели “содржини од историја“, а не цел предмет историја. Тоа значи дека историјата ќе биде селектирана и само дел од неа ќе се врежува во знаењето на децата од петто до деветто одделение.

Понатаму во презентацијата, беше објаснета и интеграцијата која се планира во предметот „ Техника, технологија, информатика“.

„Обезбедуваме континуираност од 4-то одделение до 9-то. По овој предмет речиси би спаѓале содржините кои ги имаше досега во техничко образование, информатика, меѓутоа според начинот на кој ќе биде изработена наставната програма постепено ќе ги води учениците од поедноставни содржини до запознавање на технологијата до стекнување на повисоки дигитални компетенции. Информатиката тука ја сфаќаме како поддршка на сите останати предмети, да работат учениците на истражувања. Новина е и уметничкото образование каде имаме интеграција, спојување на музичкото и ликовното образование. Има определено намалување на фондот на часови, од прво до петто одделеие би се изучувале со по еден час, а од шесто до деветто би оделе како модули во рамки на едно полугодие“ – беше истакнато во презентацијата на наставниот план.

КУРИР пред една недела испрати прашање до Министерството за образование и наука на оваа тема, но од таму одговор нема.

Оваа “реформа“ се спроведува зад грбот на народот. Македонските граѓани не знаат што допрва им подготвува оваа Влада на чело со Зоран Заев.

Со бришењето на овие предмети од наставниот план за нивните деца, голем број на родители сигурно нема да се согласат. Најверојатно затоа засега се молчи на оваа тема и ги нема Владата и МОН да прозборат било што.

Додека скришум се бришат предмети од клучна важност само да потсетиме дека огромен број на македонски ученици цело полугодие не следат онлајн настава бидејќи немаат услови за тоа.