Европската комисија ги отфрли наводите дека нејзиниот претседател Жан Клод Јункер е во лоша здравствена состојба, по објавените снимки на кои се гледа како Јункер се сопнува на приемот во Виена.
– Фотографиите некогаш лажат, како сега во овој случај, изјави портпаролката на Еврокомисијата, Мина Андрева, на новинарско прашање за здравјето на Јункер.
Таа нагласи дека Јункер е со добро здравје и дека „штотуку разговарала“ со него.
– Јункер, како што и самиот кажа, понекогаш чувствува болка додека оди, што е последица на повредите здобиени во сообраќајна несреќа пред 30 години, додаде Андреева.