И покрај секојдневните „лажни бомби“ и нерасчистени случаи, министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, е министер со најголем рејтинг во Владата предводена од СДСМ, а премиерот Димитар Ковачевски му бега само еден процент.
Според резултатите од последната анкета на Меѓународниот републикански институт ИРИ на прашањето „Кој министер во Владата најдобро ја врши својата работа“ испитаниците најголема доверба искажале кон премиерот Димитар Ковачевски. Веднаш зад премиерот на листата е министерот Оливер Спасовски.
На опашката од ранг листата се вицепремиерот Бојан Маричиќ, министрите Славицка Грковска, Крешник Бектеши итн.
Анкетата за потребите на ИРИ е спроведена од агенцијата Брима во период септември – октомври на национален примерок од 1.207 испитаници.