Поддршката на партијата на Ангела Меркел и на нејзиниот коалициски партнер социјалдемократите (СПД) достигна рекордно ниско ниво, покажа вчерашното истражување на јавното мислење, во време додека германската канцеларка се бори да го спречи распадот на нејзината разединета влада.

Учеството на гласови на конзервативците на Меркел ЦДУ/ЦСУ како и на СПД падна за 3 процентни бода, на 26 односно на 15 отсто, покажа истражувањето кое го спроведе Дојчланд тренд за радиотелевизијата АРД.

Тоа се досега најниски бројки во ова месечно истражување за овие коалициски партии, наведува АРД.