Според најновата анкета на Си-Би-Ес њуз (CBS News) 66 проценти од Американците  изјавиле дека демократијата е делумно, а според некои и многу загрозена, додека само 33 отсто се изјасниле дека демократијата е безбедна.

Резултатите од анкетата се објавени неколку дена пред годишнината од нападот врз Капитол, кога приврзаниците на поранешниот американски претседател Доналд Трамп упаднаа во Конгресот додека траеше седницата на која требаше да биде потврдена изборната победа на Џо Бајден.

Дури 83 отсто од испитаниците изјавиле дека не го одобруваат упадот во Капитол и го оценија како обид за соборување на американската Влада и обид Трамп да остане на власт.

Додека 68 проценти од испитаниците навеле дека нападот врз Конгресот на 6 јануари 2021 година е индикатор за се поголемо политичко насилство во САД.