Одлуката на САД за снабдување на Украина со тактички ракети ATAКMС (Army Tactical Missile Systems) е многу груба грешка и ќе има сериозни последици, изјави денеска рускиот амбасадор во Вашингтон, Анатолиј Антонов, пренесоа американските медиуми.

-Одлуката на Белата куќа да им испрати ракети со голем дострел на Украинците е крајно груба грешка. Последиците од тој чекор, кој намерно беше скриен од јавноста, ќе бидат од најсериозен карактер. Вашингтон методично одржува курс кон целосен прекин на билатералните односи, рече дипломатот.

„САД продолжуваат да ги туркаат работите кон директна конфронтација меѓу НАТО и Русија“, нагласи амбасадорот.