Летовите на аеродромот во Минхен повторно се одвиваат нормално, откако активисти за климата блокираа една писта, соопштија аеродромските власти.
Како што пренесе ДПА, северната писта била бргу отворена, откако кусо беше блокирана од активисти, изјави портпаролот на аеродромот. Активистите, како и претходно, се залепиле за асфалтот. Тие се уапсени.
Со оглед на тоа што јужната писта била непрекинато во функција, немало откажувања на летови туку само мали доцнења, се вели во соопштението.