Британскиот археолог и професор Кен Дарк од Назарет, верува дека го пронашол домот во кој пораснал Исус.
Местото првпат го пронашле Назаретските сестри во 1880-тите години, но тоа пред четири години беше истражено од професорот Кен Дарк.
Куќата е врежана во карпа, изработена од камен. Дарк со анализа проценил дека е стара околу 2006 години и открил дека претходните жители верувале оти Исус пораснал во неа и тука живеел со Марија и Јосиф.
„Дали е ова куќата каде што пораснал Исус? Невозможно е да се биде сигурен кога станува збор за археологијата “, вели Дарк една статија. „Но, воедно, непостои друга причина зошто оваа премиса би можела да биде отфрлена“.
Истражувачите откриле дека над тој дом е изградена црква за заштита, а за време на Византиската империја била покриена со мозаици.
Во 12 век крстоносците го поправиле оштетениот дом, што значи дека верувале оти тој е религиски многу значаен.
„За време на византиската империја и за време на крстоносците, многу се труделе да го заштитат тој објект, што укажува дека е многу важен. Црквата и куќата биле украсени со мозаици за време на Византиското
Царство, што продолжува да ја потврдува нејзината вредност“, вели Дарк.
„Артефактите пронајдени во домот вклучувале неколку садови за готвење и чување храна, за кои некои Евреи сметале дека не можат да бидат нечисти. Домот бил напуштен некаде во текот на првиот век. И подоцна се користел за погребувања и како каменолом. Гробницата во која се влегува преку тој дом може да има и религиозно значење“, смета професорот.
„Гробницата во која се влегува преку куќата, денес се нарекува „гробница на Свети Јосиф“ и таа била многу значајна за време на крстоносците – можеби мислеле дека тоа е навистина гробот на Свети Јосиф“, вели Дарк, додавајќи дека „малку е веројатно дека ова е всушност вистина, бидејќи гробот е постар од времето кога куќата била напуштена и користена како каменолом во првиот век“.