АСТРОНОМСКИ КАЛЕНДАР: Кај нас денеска календарски започнува летото, а на јужната полутопка од Земјава настапува зимата

/ 21.06.2022

На северната хемисфера на Земјата денеска календарски започна летото, а во исто време на јужната полутопка настапи зимата. На почетокот од летото деновите се најдолги, а ноќите најкратки.

Денеска е вторник, 21 јуни 2022 година, 172-иот ден во годината. До крајот на годината остануваат уште 193 дена.

Сонцето во Скопје изгреа во 4 часот и 58 минути, а ќе зајде во 20 часот и 12 минути. Денов трае 15 часа и 14 минути.

Летото ќе заврши на 22 септември кога календарски започнува есента.


Од истата категорија