Австрискиот постојан претставник при Европската Унија, Томас Оберајтер, в четврток 26 јули во 12 и 30 часот ќе одговара на прашања на граѓаните на социјалната мрежа Фејсбук.

Австриското претседателство е на чело на Европската Унија до 31 декември 2018. Корисниците можат да се регистрираат на овој линк.

Секоја земја членка на ЕУ претседава по шест месеци со ЕУ, што значи дека ги води средбите на земјите членки во Советот на ЕУ во сите области освен Советот за надворешни работи и Европскиот Совет.

Безбедноста, конкурентноста и Западниот Балкан се трите приоритети на австриското претседателство.