Во тек е акција за извлекување на автомобил кој паднал во Вардар во близина на пешачкиот мост кај болницата Аџибадем Систина.

Екипи на Противпожарната единица и нуркачката единица при МВР поставуваат сајли за извлекување на возилото. Засега не се знае дали има луѓе во возилото.

Последна вест: Извлечен е автомобилот, немало луѓе во него

Екипите на Противпожарната единица и нуркачката единица при МВР претпладнево го извлекоа автомобилот што падна во Вардар во близина на пешачкиот мост кај болницата Аџибадем Систина.

Станува збор за автомобил „фолскваген поло“ и според првичните сознанија во него нема луѓе.

Автомобилот беше извлечен со помош на сајли што ги прекува водите на Вардар ги поставија спасувачките екипи.