Македонскиот автомобилист Игор Стефановски Иџе викендов забележа победа на почетокот од новата сезона во Европскиот шампионат на ридски патеки.
– Голема победа на голем празник! Само еден може да биде број 1, напиша Стефановски на својот профил на Фејсбук.
Македонскиот автомобилски ас со своето Хјундаи во Франција го освои првото место во првата трка со време од 2:46:838.
Во генералниот пламан Иџе е трет по лидерот Николас Вервер од Франција и Италијанецот Лука Гаетани, двајцата со возила на Порше.