И по две недели контроверзни информации, се уште никој надвор од Владата не го видел Договорот со Бехтел и Енка вреден 1,3 милјарди евра кој од вчера е во сила, а Министерството за транспорт и врски најави дека почнале и подготвителни геодетски мерења за делниците, објави ТВ Сител.

Иако премиерот Ковачевски уште минатата недела најави дека со класифицирани делови поради деловна тајна документот ќе биде доствен на проверка во Обвинителството од таму велат дека до нив се уште не е стигнат никаков договор. Достава од Владата побарале и од Антокурпциската комисија, но и таму до сега не е стигнато ништо. Антокорупцинерите се надеваат дека Договорот сепак ќе го добијат бидејќи се уште не е истечен рокот од 15 дена од кога го поднеле барањето.

Што пишува во Договорот за изградбата на Коридорите 8 и 10 се уште не прочитаа ни пратениците со безбедносен сертификат. Нема информација ни од кабиентот на Талат Џафери дали Договорот воопшто е стигнат во парламентот и дали се планира посебна Комисија или седница за да биде презнетиран од Владата и преговарачкиот тим, како што најавуваат и премиерот Ковачевски и координаторот на прокетот, првиот вицепремиер Артан Груби. И двајцата тврдат дека не кријат ништо и дека голем дел од прашањата биле одговорени.

Целиот текст на ТВ Сител може да го отворите ТУКА.