По наредба на Никос Коѕијас, околу 30 доверливи документи поврзани со преговорите за името, било побарано од грчкото МНР да се декласифицираат, а денеска министерот за надворешни работи на Грција ќе ги објави на расправата во парламентот.

Пратеничката од Нова демократија, Дора Бакојани, инаку поранешна министерка за надворешни работи, по ова го обвини Коѕијас за „Штази логика“.

„Добро, те предизвикувам, поднеси се пред парламентот. И кога сме веќе тука, поднеси ги и твоите дискусии ако веќе немаш што да криеш“, рече Бакојани.

По ова, се очекува вечерва вистинска битка во параментот меѓу Ципрас и Мицотакис, кој побара гласање за доверба на владата. Гласањето треба да биде доцна вечерва.