На церемонијата на потпишувањето на договорот за името утре во Преспа е превидено и присуство на високата претставничка за заедничка надворешна политика и безбедност Федерика Могерини и еврокомесарот за проширување Јоханес Хан. Дути има најави и за доаѓање на генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш, но нивното прусуство официјално се уште не е потврдено.

Грчккте медиуми јавуваат дека од безбедносни причини уште не се објавуваат точни локации и сатниците за церемонијата. На почетокот на следната недела, како што информираат од Владата, на владина седница треба да се усвои законот за ратификација на договорот, по што треба да биде испратен во Собранието, каде треба да биде ратификуван. По ратификацијата следува негово потпишување од страна на претседателот на државата Ѓорге Иванов, кој најави дека нема да го поддржи.