Драгица Рашиќ од Ниш веќе една година доживува непријатности поради потврдата за смрт со нејзиното име и фотографија, придружена со навредлив текст, која се споделува на социјалните мрежи.

Во текстот на „посмртницата“, меѓу другото, се вели дека ја испуштила својата „погана душа“, погребот ќе биде на гробиштата во Долна Врежина и дека „таа ќе гори во пеколот“. Старицата изјави дека сè почнало пред една година кога на столбот близу нејзината куќа осамнал лажниот документ, за којшто сè уште не знае кој го испечатил и залепил.

– Еден сосед ми се јави, ми рече дека мора да ми покаже нешто. Ме однесе кај бандерата и ми го покажа „известувањето“ со мојата слика и име. Бев изненадена кога го видов, го искинав и запалив, но останаа сликите во телефоните, раскажува бабичката која е на прагот од своето деветто десетлетие од животот.

Поради тој плакат, роднини и пријатели се јавувле на нејзиното семејство, сопругот и ќерка ѝ за да прашаат – дали е навистина почината?

– Внуката, инаку студентка, многу плачела кога ја видела сликата, па ќерка ми едвај ја смирила, вели Рашиќ. Таа рече и дека пријавиле в полиција, но ништо не помогнало.