Некои од најпрактичните предмети и уреди во секојдневието на човекот, се измислени од жена. Следат пет важни изуми за коишто многумина, можеби, и не знаеле дека се создадени од талентирани жени ширум светот…Florence Parpart, Sweeper Inventor 1901

  1. Електрични фрижидери

Овој неверојатен придонес во современото живеење го измисли Флоренс Парпарт во 1914 година. Таа, како што пишува порталот „Квизклаб“, била една од ретките жени во тоа време што поднела барање за патент во нејзино име. Но, фрижидерот не е единствениот пронајдок што го има на нејзиниот потпис. Флоренс е запаметена и како пронаоѓачка на возилото за миење улици.

 

  1. Бришачи на шофершајбнаSocial Welfare History Project Anderson, Mary

Бришачите на шофершајбната се од суштинско значење за безбедноста на патот и тешко е да се замисли превозот без нив денес. Жената која стои зад овој изум е Мери Андерсон која го регистрираше патентот во 1903 година – во зората на автомобилската ера.

  1. Колачињата со чоколадни крупни трошки

History of the Chocolate Chip Cookie In 1930, Ruth Graves Wakefield invented the choco… | Homemade cookies, Chocolate chip cookies, Delicious cookies homemadeМожеби најомиленото колаче на светот, е измислено од Рут Грејвс Вејкфајлд. Готвачката цел живот добиваше набавки на чоколадо од корпорацијата „Нестле“, па на крајот и им го продаде својот рецепт ним.

  1. Електричен бојлерDangers Lurking for the Future of News

Каков би бил светот денес без туш, бања и топла вода? И за ова, заслужна е жена. Се работи за Ајда Форбс која работела на тоа пред 1917 година, кога и му го претстави бојлерот на светот.

 

  1. Шприц

Tecnologías ESO

 

Шприцот којшто се вбризгува со една рака претставуваше вистинско олеснување за лекарите и посебно, за пациентите. Оперативноста на медицинските професионалци одеднаш им беше за една огромна степен поедноставна, а заслугите за тој медицинскиот напредок ѝ припаѓаат на Летиша Мамфорд Гир.