Барселона сака да се раздели со напаѓачот Антоан Гризман. Според „Л’екип“, каталонскиот клуб ги поканил Манчестер сити и Тотенхем да го ангажираат Французинот.
Претходно, Барса се обиде да преговара со Атлетико и со Јувентус за размена на Гризман.
Самиот фудбалер ја разгледува само опцијата за враќање во Атлетико. Едно лице од опкружувањето на фудбалерот рече: „Антоан не е подготвен да си замине по секоја цена, само затоа што Барселона е во тешка ситуација“.
Огромната плата на Французинот е главниот проблем во преговорите меѓу Барселона и другите клубови.
Минатата сезона, 30-годишниот фудбалер одигра 36 натпревари во Ла Лига, постигна 13 погодоци и направи седум асистенции.