Денеска во паркот „Жена борец“ во центарот на Скопје се одржа мирен протест пред уништениот споменик на Децата бегалци од Егејскиот дел на Македонија.

Децата бегалци од Егејот се собраа во голем број пред вандализираниот споменик и ја повикаа власта да ги пронајде и да ги санкционира сторители на делото.

Исто така, тие побараа од власта да го реконструира споменикот и да го врати во негов полн сјај, со што власта ќе покаже дека ја почитуваат македонската историја и страдањето на децата бегалци.

Истовремено, упатен е повик за обединување на сите промакедонски структури.