Најниската плата 22.500 денари од март, најави министерот за економија Крешник Бектеши.
Тој на својот профил на Фејсбук објави дека од следната година ќе има ново покачување на минималната плата во Македонија.
– Најниска плата во државата од март 2024 година минимум 22.500 денари! Повеќе од двојно зголемување од минималната плата за 2017 година, кратко објави Бектеши.
А за да биде пореална сликата за вредноста на „двојниот“ минималец в година од тој од пред шест години треба да се споредат и цените на производите кои може да се купат со минималната плата денес и со минималецот со кој Бектеши прави споредба.